И ти имаш право да се храниш здраво
Свежите шампињони, како и различните амбалажи и обработки на шампињони ја одржуваат и зголемуваат стекнатата репутација на успешна фирма во примарното производство на шампињони и осовременување на конзервната индустрија на печурки, овошје и зеленчук во Р.Македонија и пошироко.
Свежите шампињони, како и различните амбалажи и обработки на шампињони ја одржуваат и зголемуваат стекнатата репутација на успешна фирма во примарното производство на шампињони и осовременување на конзервната индустрија на печурки, овошје и зеленчук во Р.Македонија и пошироко.
Пастеризираните шампињони се користат за директна конзумација или како прилог во други јадења. Да се чуваат на собна температура, по отварање да се чуваат во ладилник на температура до 8 степени целзиусови.
Саламурени шампињони во ПЕТ гранулатни вакуум фолии може директно да се конзумираат или дополнително термички да се обработат. Да се чуваат на собана температура, по отварање да се чуваат во ладилник на температура до 8 степ. Целз.
И ти имаш право да се храниш здраво
Здрава храна без манаШампињоните (Aricus bisporus) се една ретка растителна храна со добар вкус, која го стимулира апетитот, но исто така имаат висока хранлива вредност. Од печурки богати со протеини, може да се збогати исхраната, особено за луѓе кои не консумираат месо или оние кои ретко го конзумираат.
Шампињоните свежи и варени во различни сезони, се добар извор на диетални влакна, вклучувајќи хитин, за кој се верува дека го намалува нивото на холестерол во крвта, и бета-глукан, кој има благотворно влијание врз кардиоваскуларниот систем.
Протеините ја формираат телесната структурата, се наоѓаат во секоја клетка и ткиво. Телото ги користи протеините за раст, развој и лекување на коските, сврзувачко ткиво, кожата, внатрешните органи и крвта. Хормони, антитела и ензими кои ги регулираат хемиските реакции исто така се протеини. Ако јаглени хидрати или масти не ги задоволува потребите за енергија, телото ги користи протеините
Шампињоните имаат антиканцерогени состојки (силни антиокциданси – селен), кои во прилог на оброците можат да помогнат да се спречи развојот на ракот.
Ниацин (Б3) е витамин кој се наоѓа во изобилство во печурки. Тоа е потребно за подобрување на метаболизмот на храната, одржување на здрава кожа, нерви и дигестивниот канал. А редовното консумирање на храна богата со ниацин обезбедува заштита од развој на Алцхајмерова болест и старостна деменција.
Видеа од највкусните рецепти со печурки