За нас
Шампињони КИС Кочани е прва и најголема компанија во регионот која се занимава со производство и преработка на свежи и конзервирани печурки-шампињони. Од 1980 година сме лидер на македонскиот пазар со повеќе од 35 години искуство и традиција. Компанијата располага со сопствен погон за производство и преработка како и дистрибутивен центар во Кочани и во Скопје. Годишниот капацитет на производство изнесува над 1500 тони свежи шампињони. Производството се пласира на домашниот пазар и на странски пазари. Нашата долгогодишна традиција,имплементираните стандарди за квалитет како и посветеноста на нашиот стручен тим составен од повеќе од 100 вработени во создавањето на квалитетен производ се она што не прави поразлични од сите останати.
Мисија
Како лидер во прозводство на свежи и конзервирани печурки –шампињони нашата мисија е производство и дистрибуција на квалитетни, здрави и вкусни производи кој секојдневно се дел од Вашата трпеза повеќе од 35 години
Визија
Нашата визија е компанијата како и нејзините производи да прераснат во глобален и препознатлив бренд.
Секојдневно сме посветени на одржување на високиот квалитет како и на задоволувањето на потребите на потрошувачите за вкусни, здрави и квалитетни производи.